Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со сончеви периоди, од попладне продор на влажен бран – Временска прогноза за 17.11.2023

/

пред 1056 дена

Сподели преку :

Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 7°C, а максималната од 11 до 17°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-2 Лазарополе, Попова Шапка, 0 Маврови Анови, 1 Крушево, 2 Берово, 3 Тетово, Прилеп, Претор, 4 Скопје – Петровец, Куманово, Дебар, Охрид, Битола, Крива Паланка, Демир Капија, Виница, 5 Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, 6 Штип, Струмица, Велес, 8 Дојран, 10 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

12 Пожаране, 11 Маврови Анови, Битола, 7 Попова Шапка, 5 Тетово, Претор, 4 Крива Паланка, Лазарополе, Куманово, 3 Кавадарци, Охрид, Берово, Виница, 2 Штип, Демир Капија, Крушево, Прилеп, Велес, 1 Скопје – Зајчев Рид, Скопје Петровец.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 14.0, Преспанско Езеро 14.0, Дојранско Езеро 17.8

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/