Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со сончеви периоди – Временска прогноза за 3.4.2025

/

пред 551 дена

Сподели преку :

Во четврток ќе има послабо изразена нестабилност. Во поголем дел од Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 9°C, а максимумот од 13 до 20°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

0 Попова Шапка, 2 Лазарополе, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, 5 Претор,  Радовиш, 6 Тополчани, Пожаране, Охрид, 7 Прилеп, Битола, 8 Тетово, Крива Паланка, Штип, Струмица, Куманово, 9 Виница, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Демир Капија, 10 Скопје – Петровец, Велес, 11 Ѓевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

36 Крушево, 32 Маврови Анови, 29 Попова Шапка, 21 Демир Капија, 14 Тетово, Пожаране, Гевгелија, Кавадарци, 13 Битола, Велес, 12 Пожар-Радовиш, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, 9 Прилеп, Штип, 6 Скопје-Зајчев Рид, Берово, Лазарополе, 5 Претор, Струмица, Куманово, 3 Виница, 2 Крива Паланка.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената..

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 15.5.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/