Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно – Временска прогноза за 2.11.2023

/

пред 1069 дена

Сподели преку :

Претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14°C, а максималната од 16 до 23°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

5 Лазарополе, Попова Шапка, 6 Маврови Анови, 7 Куманово, 8 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Берово, 9 Тетово, Претор, Крушево, 10 Скопје-Зајчев Рид, 11 Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Дебар, 12 Штип, Велес, Кавадарци, 13 Демир Капија, Виница, 14 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

7 Дебар, 6 Попова Шапка, 4 Тетово, 3 Охрид, 2 Маврови Анови, Крушево, 1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 17.5, Преспанско Езеро 16.5, Дојранско Езеро 18.2

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/