Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промотивна турнеја на Фон дер Лајен, забелешките од Kомисијата за земјите од регионот идната недела

/

пред 1069 дена

Сподели преку :

Што Европската унија му нуди на регинот, наспроти проценка на моменталната состојба во Македонија и генерално земјите од Западниот Балкан, е она што го испорача вчера во Скопје претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа, без да навлегува во детали, рече дека е извонредно да се гледа каков напредок прави Македонија на патот кон ЕУ, иако токму од Брисел, изминатиов период, во делот на борбата против корупцијата и организираниот криминал, довербата во судството и неговите тела, измените на Кривичниот законик, користењето на европското знаменце за брзо носење закони, стигаа остри критики. За Симонида Кацарска, од Институт за европска политика, ова е очекувано оти балканската турнеја на Фон дер Лајен е наменска за промовирање на развојниот план на Унијата за регионот испраќање на позитивна порака.

„Вториот момент кој треба да го имаме на ум е дека, во секој случај, Комисијата во овој повторно исклучително внимателен, деликатен, момент за нашата држава, мора да балансира, помеѓу преземената обврска за уставните измени и проценката на Комисијата во контекст на владеење на правото“, вели Кацарска.

Кацарска притоа не смета дека развојниот план на Комисијата, која е на крајот од својот мандат, е купување на време од страна на Унијата за пристапувањето на Западниот балкан, со оглед дека на Унијата и претстојат длабоки реформи без кои нема да има ново проширување.

„Не би рекла дека е само купување на време, меѓутоа Комисијата балансира во моментов помеѓу очекувањата и политичките, па дури и притисоци, од земјите-членки и дел од нив, дека приближувањето на Западниот Балкан мора да оди побрзо од она што беше случај досега. Од друга страна, реалноста на реформите во ЕУ, притисокот кој се креира поради големиот товар кој ќе го има потенцијалното проширување со Украина од минатата година, креираат еден простор којшто се уште мислам дека дел од институциите и државите-членки дискутираат како напред“, вели Кацарска.

Консензусот со кој Комисијата настапила меѓу двете барања за тоа – како напред, Кацарска го гледа токму во зголемената поддршка за регионот, со оглед дека по измените на методологијата за проширување се очекувало како ќе се одвива  зголемената секторка интеграција на земјите.

„И ова е дел од таа поголема сложувалка, иако се уште не се јасни голем дел од тие точки. Така што не би рекла дека е купување време, ова е некој меѓучекор кон проширувањето. Меѓутоа, секако, другите прашања на европската реформа остануваат отворени и ќе ги дискутира Унијата помеѓу себе“, е ставот на Кацарска.

За тоа што Фон дер Лајен вчера ги повтори уставните измени како услов за продолжување на преговорите за Македонија, за Кацарска е очекувано, бидејќи, како што вели, тешко е да се замисли дека Бугарија би се согласила во било која форма да се одржи втора меѓувладина конференција за земјава без тоа да биде исполнето. Доколку уставните измени не се случат, смета Кацарска, не може да се исклучи сценариото Албанија да продолжи сама, доколку нема забелешки на нејзина сметка од земјите-членки во декември.

Тамара Грнчароска