Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајден е угинат балкански рис на патот Ресен–Охрид

/

пред 229 дена

Сподели преку :

Угинат балкански рис е пронајден денеска на патот Ресен–Охрид, по дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“. Надлежните институции излегле на терен и го констатирале случајот.

Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво. Ќе бидат земени примероци за анализа, а угинатото животно ќе биде транспортирано на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ во Скопје, каде ќе се изврши обдукција за утврдување на причините за смртта.

Од Македонското еколошко друштво велат дека станува збор за сериозен удар врз опстанокот на видот.

„Секој загубен рис е ненадоместлива штета за популацијата, имајќи предвид дека во дивината опстануваат уште околу 50-на единки. Овој случај уште еднаш ја нагласува потребата од итни мерки за намалување на заканите, особено од сообраќајот и фрагментацијата на живеалиштата“, посочуваат од Друштвото.

Оттаму апелираат институциите при планирањето на патната инфраструктура да предвидуваат зелени мостови и безбедни премини за дивечот, со цел да се овозможи непречено движење на животните и да се спречат вакви трагични случаи во иднина.

Т.Д.