Во продажен објект на приватна фирма на скопски Бит Пазар вчера попладне бил пронајден починат 65-годишен маж од Скопје. Настанот бил пријавен во СВР Скопје во 13:25 часот, по што на местото излегле полициски службеници.
Според изјави на вработен во објектот, мажот претходно дошол во посета, а потоа се случил инцидент поврзан со лифтот во зградата.
По активирање на аларм од лифтот, тој бил пронајден на приземјето во просторот околу лифтот.
Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта на лице место.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.











