Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По 18 часа борба за живот спасен уште еден македонски давеник кај Халкидики, продолжува потрагата по вториот

/

пред 1565 дена

Сподели преку :

Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат извори од крајбрежната служба на Грција за тамошните медиуми.

Станува збор за 30- годишен државјани на Северна Македонија, кој по над 18 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен брод со знаме на Гибралтар којшто пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра.

Исчезнатиот е најден на околу 14 наутички милји од копното на Халкидики што изнесува околу 20 километри растојание.

Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на вториот исчезнат.

Потрагата и денеска се води под лоши временски услови со силен ветер од над 40 километри на час, а во акцијата учествуваат бродови на крајбрежната служба, чамци и бродови што се во близина и хеликоптер.

Спасувачката акција започна вчера околу 19 часот по локално време, откако тројцата пријатели, на плажата Мити во Посиди, влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите, поради лошото време, а еден од нив беше спасен.

Според локалните медиуми, еден од тројцата пријатели имал роденден и дошле на Халкидики за да го прослават, а во некој момент влегле во морето да се капат, без да ги земат предвид силниот ветер и брановите.

Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започнала и акцијата.

Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа за грчките медиуми објаснила конкретната плажа е многу опасна за пливање бидејќи има морски струи и големи бранови.

Солунскиот портал Ворија, утрово објави дека во еден од бродовите со кои се врши потрагата се наоѓаат и таткото и братот на еден од исчезнатите.