Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдена без свест, развила сериозна бактериска инфекција – Мадона итно хоспитализирана

/

пред 1194 дена

Сподели преку :

Легендарната поп пејачка Мадона ја одложи најавената светска турнеја, откако е итно хоспитализирана во Њујорк. Според пишувањата на медиумите, таа била пронајдена без свест и се наведува дека најмалку една ноќ била интубирана, пред да биде отстранета цевката и сега е будна и се опоравува. Покрај неа, како што се додава, постојано е ќерката Лурдес Леон.

Долгогодишниот менаџер на Мадона објасни на Инстаграм дека пејачката развила сериозна бактериска инфекција која резултира со неколкудневен престој на болничко одделение за интензивна нега.

Турнејата на Мадона требаше да почне на 15 јули во Ванкувер и да продолжи во уште 34 градови. Замислена е да се одржи под називот „Madonna: The Celebration Tour“ со цел да ги поведе нјезините обожаватели на уметничко патување низ четири децении во кое шејачката би дала почит на Њујорк, каде и ја започна својата кариера.