Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна во Богданци

/

пред 281 дена

Сподели преку :

Неексплодирана минофрлачка граната била пронајдена од страна на Дирекцијата за заштита и спасување во индустриски дел на Општина Богданци. Како што информираат оттаму граната била  70 мм, и истата датира од Првата светска војна.

„Денеска, кон пладне е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци од индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС). Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 мм што е НУС од Првата светска војна“, се посочува во соопштението од ДЗС.

По извршени безбедносни проверки на како и согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена ѝ е пренесена за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Т.Д.