Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдени 30 чаури по пукањето во Тетово

/

пред 510 дена

Сподели преку :

Вчера во населбата „Теќе“ во Тетово имало оружен инцидент во кој непознати лица кои биле со скутер од автоматска пушка пукале кон куќа и веднаш побегнале. Сопственикот и неговото семејство за време на пукањето биле внатре во куќата, но истите не се повредени.

„Било пријавено дека непознати лица кои биле со мотоцикл-скутер, од автоматска пушка пукале во куќата сопственост на М.Т. од Тетово и истите веднаш се дале во бегство. Веднаш било постапено во однос на пријавата каде било констатирано дека немало повредени лица и на самото место биле пронајдени околу 30 чаури од автоматско оружје. Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања“ информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

За случајот е известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид врши екипа при СВР Тетово.