Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдени мигранти од Непал во Табановце

/

пред 758 дена

Сподели преку :

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север синоќа ги лишиле од слобода  41 годишниот Б.Р. од липковското село Матејче и 32 годишниот Љ.Љ. од Куманово.

Како што соопшти МВР, при преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р. сопатник му бил Љ.Љ. додека со нив биле пронајдени двајца мигранти од Непал во истиот автомобил.

Лицата Б.Р. и Љ.Љ. биле лишени од слобода синоќа, во 19:40 часот во кумановското село Табановце, на крстосница кон село Лојане, Липковско.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.