Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдени над 13.000 пиротехнички средства во Синѓелиќ, лишени од слобода две лица

/

пред 652 дена

Сподели преку :

МВР соопшти дека на 31 декември 2024 година полициски службеници од Единицата за  недозволена трговија при СВР Скопје во село Синѓелиќ ги лишиле од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје, кај кои на импровизирани тезги се пронајдени над 13.000 парчиња пиротехнички средства.

Како што се посочува во соопштението, кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4641 пиротехнички средства.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци стои во соопштението од МВР.