Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдени се телата на сите жртви во авионската несреќа во Бразил, во тек е идентификација

/

пред 802 дена

Сподели преку :

Сите тела на загинатите во авионската несреќа во бразилската држава Сао Паоло се пронајдени, потврдија властите во Бразил. Во тек е идентификација на жртвите во двомоторниот авион на компанијата „Воепас“ што се урна во областа на градот Вињедо.

Како што јави „Би-Би-Си“, бројот на жртви е ревидиран на 62, бидејќи по првите најави е потврдено дека на кобниот лет имало уште еден патник кој не бил евидентиран.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло во која загинаа сите патници и членови на екипажот.