Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Просечната плата во декември 43.587 денари, објави ДЗС

/

пред 596 дена

Сподели преку :

Просечната нето плата во декември била 43.587 денари, пресмета и објави Државниот Завод за статистика. Ова е првпат месечната нето плата да ја пробие границата од 43 илјади денари.

Во однос на претходниот месец ноември 2024-та, просечната нето плата е зголемена за 1 588 денари или за 3,8%.

Во однос на декември 2023-та, просечната нето плата се покачила за 9%, додека реалната плата е покачена за 4,4%.

Највисока нето плата е исплатена во воздухопловниот транспорт каде месечниот просек е 136.702 денари или околу 2.200 евра.

Најниска месечна плата добиле вработените во заштитни и истражни дејности во секторот помошни услужни дејности и таа изнесува 25.669, односно за 50 евра повеќе од минималната плата.