Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

/

пред 122 дена

Сподели преку :

Група граѓани, жители на Расадник и Радишани во општина Бутел, денеска излегоа на протест револтирани од сообраќајните несреќи кои се случуваат на улицата „Бутелска“.

Демонстрантите побараа од надлежните институции итно да преземат мерки за зголемување на безбедноста,  со  поставување лежечки полицајци и поголемо присуство на полициски службеници на терен, објаснувајќи дека со години трае проблемот со честите  сообраќајни несреќи на улицата „Бутелска“.

Најавија дека протестите ќе траат секој ден се додека институциите не го слушнат нивниот глас.

Апелираат до општината Бутел, градот Скопје и МВР, бргу да реагираат на нивниот апел.

Протестот започна во 16.45 и завршил во 18.30, без нарушувања на јавниот ред и мир, по што сообраќајот бил нормализиран.