Жители на Аеродром излегоа на протест за да го изразат револтот поради непријатната миризба и загадениот воздух што со години доаѓаат од дивата депонија Вардариште. Велат дека нивното здравје е во ризик и бараат итно решение од институциите.
Незадоволството кулминираше по големиот пожар во неделата, кога делови од Скопје останаа без струја, а чадот дополнително го загрози квалитетот на воздухот.
Жителите потсетуваат дека пожари на Вардариште имало и изминатите години. Тие велат дека овој пат нема да се откажат и најавуваат секојдневни протести со блокада на крстосницата меѓу булеварите Србија и АСНОМ, кај мостот „Киро Глигоров“, се додека не се најде трајно решение за овој долгогодишен проблем.
Тамара Марковска











