Жителите на скопската населба Шуто Оризари го блокираа центарот на Скопје. Од пред владата протестот продолжи пред Град Скопје, нив им се придружија и мал број студенти од УКИМ кои бараат целосно решение за јавниот превоз.
Истекуваат седумте дена во текот на кои автобусите на ЈСП ќе црпат гориво од стоковите резерви, а приватните и понатаму бојкотираат поради неисполнување на нивните барање за зголемување на цената по километар.
Протестот пред Град Скопје го следeше колешката Симона Петровска која се вклучи во вестите во 15:30 часот.











