Неколку десетици граѓани пред УЈП во Тетово со протест поради издадените решенија за плаќање данок за заработеното во странство.
Тврдат дека тоа што биле повеќе од 183 денови во странство и дека стануваа даночни нерезиденти и затоа не треба да платат персонален данок.
Се барат одговорност од државната зошто ги праќа овие решенија за плаќање данок по неколку години.
- Сите овие решенија што ни се издадени да се стопираат. Бидејќи сите ние имаме работено по 6, 7 месеци, 8 месеци од член 5 од законот за нерезиденност. Сите ние имаме докази дека сме плаќале данок таму. Сите докази што сме ги доставиле тие не ги прифаќаат- изјави Зоран Наковски.











