Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протест во Битола против отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

/

пред 1632 дена

Сподели преку :

Битола е под силно полициско обезбедување – откако целиот државен врв на Бугарија, предводен од премиерот Петков, дојде на отварањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“. Голем број граѓани излегоа на протест, како што велат,  против бугарската влада која не ги признава Македонците. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски му порача на бугарскиот премиер Петков – ист потег да направи во Благоевград и Сандански, односно на илјадниците Македонци кои живеат таму да им овозможи ваков културен македонски центар во согласоност со сите пресуди од Стразбур.

 

Отварањето на бугарскиот центар во Битола се случува во момент на софиската блокада на македонските евроинтеграции, а бугарскиот премиер порача дека овие теми не треба да се употребуваат за внатрешно политички теми.

Сите јасно велиме дека и за бугарската заедница во Северна Македонија и за бугарскиот интерес, важно е Северна Македонија еден ден да стане дел од ЕУ. Сега прашањето е дали единствениот начин за излез од денешната ситуација, во која ниту правата се целосно заштитени, ниту се во ЕУ, до моментот кога правата се заштитени и се во ЕУ, за да го постигнеме тоа треба да се обединиме. Не смееме оваа тема да ја употребуваме за внатрешно политички цели. Треба да кажеме дека внатрешно политичките цели се сѐ останато, а ова е национален интерес и треба сите заедно и синхронизирано да работиме сите, порача Петков.