Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протести пред Владата и ОЈО – се бара експресно да има одговорност за трговците со цитостатици

/

пред 1126 дена

Сподели преку :

Транспарентите се редеа еден по еден. Црвената боја на рацете на дел од присутните ги симболизираше жртвите, а до Владата и Обвинителството допре пораката – мора да има одговорност.

Скандалот со Клиниката за онкологија и тргувањето со цитостатици е иницијалната каписла за денешниот протест на граѓани.

Организирани на социјалните мрежи, а денес со подготвени перформанси. Пред Владата на асфалтот со црвена боја беше напишано „убијци“. Пред Обвинителството – „соучесници“.

Тапаните и свирчињата беа дополнителен декор, а оние кои беа решени дека ќе дојдат не ги поколеба ниту дождот. Запрашани каква порака треба да се испрати од собирот, порачаа.

Пред насобраните протестирачи се одлучија да зборуваат повеќе лица, кои поминале низ лични и семејни трагедии. Сега, пред присутните споделија дел од голготата низ нашиот здравствен систем.

Одговорност и кривична и политичка – тоа беше главното барање на протестот. А, надлежните добија рок од една недела да испорачаат конкретни резултати и да се забрза истрагата и понатамошниот процес.

Во спротивно, граѓаните повикуваат на протест на истото место и во истото време за следната недела.

Петар Догов