Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протести во Даблин по напад со нож во кој повредени се 3 деца, од кои едно потешко

/

пред 1070 дена

Сподели преку :

Протести избија во центарот на Даблин доцна синоќа, откако ирската полиција соопшти дека 5-годишно девојче е хоспитализирано по нападот со нож. Повредени се и една жена и уште две други деца.

Ирската полиција соопшти дека случајот не го третира како тероризам, како и дека осомничениот за нападот е маж на 50-годишна возраст, кој исто така бил хоспитализиран со сериозни повреди.

Илјадници луѓе излегоа на улиците да протестираат, а протестот набрзо потоа стана насилен и избија судири меѓу толпата и полицијата.

Во инцидентите повредени се и тројца полициски припадници.

За време на нередот во центарот на градот оштетени се голем број полициски возила и трамвај.