Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната – катарски танкер мина низ Ормус

/

пред 148 дена

Сподели преку :

Танкер со течен природен гас од Катар најверојатно поминал низ Ормускиот Теснец што е прв извоз на земја од регионот на Персискиот Залив од почетокот на војната во Иран, јави денес Блумберг.

Танкерот „Ал Хараитијат“, што беше натоварен во објектот Рас Лафан претходно овој месец, го напушти Теснецот и се наоѓа во Оманскиот Залив, а Пакистан е наведен како негова следна дестинација, според Агенцијата за следење на бродови.

Минувањето на тој брод е навестување дека би можело да продолжи поголем проток на течен природен гас, но тоа е далеку од предвоените нивоа од околу три испораки дневно од Персискиот Залив.