Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прв состанок на новата Комисија за помилување

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Новата Комисија за помилување денеска треба да го одржи својот прв состанок. Ова вчера на брифинг со новинарите го соопшти претседателката Гордана Силјановска-Давкова која информираше и за имињата кои ќе се најдат во новиот состав.

Предлогот за наредните претседателски помилувања, веројатно ќе дојде веќе за Нова Година, ќе го изготвуваат пензионираната судијка од врховниот суд Милка Ристова, Доан Сулејмановски и универзитетските професори Оливер Бачановиќ, Александра Груевска-Дракулевски, Блерта Ахмеди, Драгана Батиќ и Ахмет Мамуди.

Претходната комисија, минатиот месец си поднесе колективна оставка откако на списокот за помилувања по повод празникот 23-ти октомври, се најдоа неколку спорни имиња, меѓу кои и член на нарко- картел.