Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Првиот снег предизвика хаос во западна Србија

/

пред 319 дена

Сподели преку :

Првиот снег што вчера го зафати западниот дел на Србија предизвика сериозни проблеми, а најтешка е ситуацијата во Чачак, каде повеќе населби останаа без струја.

Жителите велат дека се грижат за греењето бидејќи многумина користат гасни котли кои не работат без електрична енергија.

Проблеми има и во сообраќајот во Приепоље, Нова Варош и на Златибор, каде снегот почна да се задржува на коловозите и предизвика застои и колапс на повеќе делници.

Снег паѓа и во Моравачкиот округ и во Крагуевац, но таму засега не се очекуваат пониски температури и поголеми нарушувања.

Надлежните предупредуваат на внимателно возење, бидејќи на повеќе патни правци има кашест снег до 5 сантиметри.

Властите апелираат возачите да не тргнуваат на пат без зимска опрема, да ја прилагодат брзината и да бидат исклучително претпазливи.