Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Прво експлозија во зграда, па уривање на неколку спрата: Девет жртви на далечниот исток на Русија, меѓу кои четири деца

/

пред 1415 дена

Сподели преку :

Најмалку девет лица загинаа во експлозија во станбена зграда на Далечниот исток на Русија, по што се урнаа неколку ката, изјави локалниот гувернер, Валери Лимаренко.

Експлозијата се случи утринава во петкатница во селото Тимовоскоје на островот Сахалин, рече тој.

„Девет лица загинаа, меѓу кои и четири деца“, изјави Лимаренко за руската телевизија „Русија 24“.

Според првичните информации, се работи за експлозија на гас, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации и додаде дека на местото на несреќата се испратени околу 60 спасувачи за расчистување на урнатините.