Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Психијатрите со став: Слаба превенција е причина за трагедиите како последната во Прилеп

/

пред 468 дена

Сподели преку :

Едно насилство не започнува директно со убиство – прво со закана, па заплашување и потоа следува молк. Тишината е најлошото нешто, бидејќи тогаш се спрема теренот за насилство, сметаат психијатрите. Наместо проблемот да го искорениме оставаме да потрае и потоа се прашуваме зошто се случил. Жртвите пријавуваат, психијатрите алармираат, но институциите бавно реагираат, смета психијатарот Стојан Бајрактаров.

„Често сме сведоци на такво едно најавено насилство кои го имаме и кон нас како здравствени работници, меѓутоа кај нас доаѓаат и многу жртви на семејно насилство и ние за тоа редовно пријавуваме и за заканите кон нас и за заканите со кои што се соочуваат жртвите на семејно насилство. Мора да кажам дека тука недостасува еден одговор. Тука мора да има заеднички одговор, нели, и на здравствените служби, ние од наша страна како Клиника за психијатрија сигурен сум дека тоа го правиме, меѓутоа и на социјалните и на службите на полиција и на судскиот систем. Ние како лекари пријавуваме, но, за жал, недостасува одговор од институциите. Се пријавува, а реакцијата наместо да биде ургентна, таа трае со месеци без никаква да кажам ефикасна завршница. Не е дека не се пријавува се пријавува но недостасува ефикасност во реагирањето, недостасува еден функционален систем“, вели Стојан Бајрактаров од Клиниката за психијатрија во Скопје.

Казните мора да почнат да се спроведуваат за сторителите да знаат дека доколку направат насилство ќе бидат казнети, додава Бајрактаров. Смета дека агресивното однесување стана предзнак за успешност, а превенцијата е клучна за да не се доведеме во иднина да имаме нови жртви.

„Треба да се преземаат мерки не да се остане на тоа дека некоја превентивна слаба мерка или опомена може да спречи нешто кое е веќе во најава и за кое има јасни индиции, посебни ако се пријавува како што ние сме сведоци. Може да зборувам за многу случаи кога се пријавува и од жртвите на насилство и од страна на деца, долгогодишно јавување дека трпат, на пример, насилство татко алкохоличар дека мајката трпи насилство и освен опомена или некоја казна не се преземаат вистински чекори. Така да навистина мислам дека што поскоро треба да се преземе да направиме еден систем кој навистина ќе биде во функција и навистина ќе биде со цел да се заштитат сите тие жртви на насилство, а тоа е да се превенира и да се казнува едно такво насилничко однесување“, вели Стојан Бајрактаров психијатар во Клиниката за Психијатрија Скопје.

Секоја премолчена навреда, закана, психичко или физичко насилство, секој нереагиран напад или инцидент е чекор поблиску до трагедија, сметаат граѓаните и бараат да се прекине тишината, насилниците да се казнуваат, а жртвите заштитат. Изминатиот период јавноста згрозена, но и уплашена од случувањата во државата. Речиси и да нема ден, а да не е евидентиран случај на насилство. Статистиката на МВР покажува дека минатата година биле извршени над илјада кривични дела.

Симона Петровска