Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Пуцко петрол“ престанал да испорачува гориво за автобусите на ЈСП Скопје велат од Град Скопје

/

пред 391 дена

Сподели преку :

„Пуцко петрол“ престанал да испорачува гориво за автобусите на ЈСП Скопје, соопштија од Град Скопје. Во соопштението од Градот се вели дека сопственикот на „Пуцко петрол“ Асмир Јахоски е под притисокот од ВМРО-ДПМНЕ да престане со испорака на нафта за намерно да се создаде повторно хаос во градот со немање автобуси.

„Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од ‘Пуцко петрол‘, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени ја прекина доставата.Истото уценетиот го направи и за предновогодишните празници, ги остава граѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето само да се задоволат суетните лидери. Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП кој го води ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски, кои сакаат да дефокусираат од штетата која му ја предизвикаа на ЈСП и Скопје во изминатите 4 години“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Од Град Скопје велат дека ќе покренат соодветна постапка за материјална и кривична одговорност како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат.