Тројца ловокрадци вчера биле фатени во забранет лов на фазани во ловиштето „Трубарево“. Тие отстрелале седум фазани кои што ги ловеле од теренско возило во движење по нивите во ловиштето во Скопскиот регион.
Еден од ловокрадците возел, а другите пукале од едната и од другата страна на возилото. Инаку, ловокрадците, според сознанијата на концесионерот, на исти начин веќе подолго време го пустошеле ловиштето.
Концесионерот им ги одзел двете пушки, возилото и застреланиот дивеч. Случајот е пријавен во МВР. Законот предвидува строги казни за вакви дела покрај одземањето на предметите за лов и дивечот, предвидена е и парична казна.











