Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукање во Вашингтон – убиени двајца вработени во израелската амбасада во САД

/

пред 509 дена

Сподели преку :

Двајца вработени во израелската амбасада во САД се убиени во близина на Еврејскиот музеј во главниот град Вашингтон. Уапсено е едно осомничено лице.

Како што соопшти американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем двајцата биле застрелани во близина на Еврејскиот музеј, кој е на само неколку чекори од канцеларијата на ФБИ.

Двете жртви, маж и жена, си заминувале од настан во Еврејскиот музеј, кога 30-годишниот осомничен се приближил и отворил оган, изјави началничката на полицијата, Памела Смит.

Осомничениот при апсењето извикувал „Слободна Палестина“, соопшти полицијата. Генералната обвинителка на САД, Пем Бонди на платформата Икс напиша дека била на местото на настанот и дека станува збор за „ужасен инцидент со огнено оружје“. Израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон, нападот го нарече „гнасен чин на антисемитски тероризам“.