Полицијата во Вашингтон соопшти дека еден маж е убиен во пукање што се случи рано утринава на само неколку блока од Белата куќа. Во соопштението се наведува дека набргу по пријавувањето на пукањето, мажот бил пренесен во блиската болница, каде што била констатирана смрт, пренесуваат американските медиуми.
Полицијата на местото на инцидентот пристигнала околу 5 часот по локално време. Таму имало возрасен човек во несвест, кој не давал знаци на живот. Властите оценија дека станува збор за убиство.
Полицијата трага по осомничениот напаѓач, а во неговиот опис стои дека станува збор за лице со висина од 1,9 метри, облечен во црно палто и сиви панталони.











