Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Пукање во универзитетската болница во Ротердам – убиени двајца, тешко повредено девојче

/

пред 1101 дена

Сподели преку :

Најмалку две лица загинаа кога вооружен маж отвори оган во амфитеатар на универзитет во холандскиот пристанишен град Ротердам. Убиени се 39-годишна жена и 46-годишен професор на Универзитетот Еразмус.

Според полицијата, напаѓачот прво ја убил жената која била негова соседка, а тешко е повредена нејзината 14-годишна ќерка. Откако ја запалил куќата на жената, напаѓачот отишол во универзитетската болница во Ротердам Еразмус МЦ, каде влегол во училница и смртно застрелал 46-годишен професор.

Полицијата соопшти и дека тој запалил пожар во болницата, пред да биде уапсен во близина на болницата по второто пукање.

„Бевме шокирани од ужасен инцидент. Се пукаа на две различни места во градот. Многу луѓе беа сведоци на тоа“, рече градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб.

Полицијата брзо реагирала и го уапсила 32-годишниот осомничен, кој додека пукал предизвикал и пожар. Видеата од социјалните мрежи покажуваат како луѓето панично бегаат во обид да се спасат.

https://twitter.com/DylanOwner1/status/1707405432224973143?

Полицијата два часа подоцна соопшти дека загинале неколку лица и дека се известени семејствата на жртвите. Мотивот на напаѓачот се уште не е познат, но тој на полицјата и бил познат уште од пред две години кога бил кривично гонет за злоупотреба на животни.