Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукано е во таткото на исчезнатиот Самоил, кој го нема 4 месеци и е внук на Љубе Бошковски

/

пред 1201 дена

Сподели преку :

Изутринава помеѓу осум и девет часот во населбата Лисиче во Скопје е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски кој исчезна пред четири месеци.

Полицијата е на терен, а таткото на Самоил е пренесен во болница. Детали се најавуваат во текот на денот.

Костадиновски, кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно, како влегува во автомобил, во кој имало уште неколку лица.

 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред отприлика еден месец соопшти дека истрагата за Костадиновски е сè уште во тек и се преземаат низа криминалистички дејствија.

Тоа што е досега познато, како што посочи министерот, е дека се упасени две лица во однос на овој предмет и дека е поднесена кривична пријава за грабнување.

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син.