Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукотници и експлозии утрово во Минхен, има загинати

/

пред 380 дена

Сподели преку :

Неколку експлозии се слушнале утрово во германскиот град Минхен, објавува „Билд“ . Голема операција е во тек во северниот дел на градот од раните утрински часови. Специјалните сили и експертите за деактивирање бомби се на местото на настанот.

Според „Билд“, се слушнале и истрели. Пронајдено е и тело на маж, а „Билд“ наведува дека мажот веројатно поставил експлозиви во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот. Најмалку едно лице е пронајдено и со прострелни рани.

Локацијата на инцидентот е улицата Лерхенауер во северниот дел на Минхен. Полицијата опколи голема површина и им советува на жителите и возачите да ја избегнуваат или да се движат заобиколувајќи ја областа.

„Во моментов нема опасност за јавноста. Исто така, нема никаква врска со Октоберфест“, изјави за „Билд“ главниот полициски инспектор Томас Шелсхорн.