Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)По речиси една година Клиничкиот центар доби нова компресорска станица

/

пред 619 дена

Сподели преку :

После скоро цела година од кога се појави проблемот со непријатна миризба во хируршките сали, Клиничкиот центар доби нова компресорска станица.

Со месеци операционите сали во хируршките клиники работеа со надворешни компресори. Итните пациенти речиси осум месеци беа препраќани по другите болници, а по десетдневно тестирање денеска официјално беа пуштени во употреба три нови компресори и комплетно нова инсталација.

Хируршките сали на Клиничкиот центар беа затворени на 22 мај лани поради миризбата што се рашири од дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Примероците од гасот беа испратени на анализа во Германија, а подоцна на вонредна контрола на Клинички дојдоа и стручњаци кои дадоа препорака што треба да се прави. Се отворија и два огласи за нова компресорска станица. На првиот не се пријави ниту една фирма, а на вториот оглас имаше само една понуда.

Решнието за хаосот граѓаните го гледаа и во долго најавуваната изградба за нов Клинички центар. Но сигурно таа идеја нема да се реализира, барем не во догледно време. За да се намали притисокот на Клиника, како алтернатива надлежните размислуваат сегашната Градска болница 8 септември да стане регионален болнички центар.

Но и за оваа реализација на Министерството е потребно време. За да се случи тоа, потребни се законски измени. Од Здравство уверуваат дека болницата има голем број болнички кревети, но и добра инфраструктура, се изведуваат методи кои не се изведуваат на Клиника, па очекувано е таму да се инвестира.

Симона Петровска