Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин молчи за Навални, му ја честита на Гаспром 31-годишнината од основањето

/

пред 980 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин сè уште не проговорил јавно за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Поминаа повеќе од 24 часа по објавувањето на веста за неговата смрт, но тој наместо тоа денеска излезе сочеститка за државниот гасен монопол Газпром кој одбележува 31 годишнина од своето основање.

„Драги пријатели, денес еден од предводниците на руската економија, компанијата Газпром, полни 31 година. Задоволен сум за оваа прилика да им честитам на ветераните на националната гасна индустрија, се разбира, на лидерите и на големиот, полумилионски персонал на Газпром“, рече Путин во видео обраќањето објавено од Кремљ.

Западните лидери во своите коментари го обвинија Путин за смртта на Навални, за кој беше објавено дека ненадејно починал додека бил во затвор во оддалечен притворен центар на Арктикот.