Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин одговори на повикот на Зеленски, подготвен e да разговара за мир во Украина

/

пред 440 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се движи кон мирно решение за Украина, но главната цел на Москва е да ги постигне своите цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија во изјавата емитувана денеска за водителот Павел Зарубин.

Песков рече дека светот се навикнал на понекогаш „острата“ реторика на Доналд Трамп, но истакна дека американскиот претседател, исто така, во своите коментари за Русија нагласил дека ќе продолжи да бара мировен договор.

-Претседателот Путин постојано зборуваше за својата желба што поскоро да го доведе решавањето на украинското прашање до мирен крај. Ова е долг процес, бара напор и не е лесен. Главната работа за нас е да ги постигнеме нашите цели. Нашите цели се јасни“ – рече портпаролот на Кремљ.