Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин се сретна со лидерите на АСЕАН на самитот во Казан

/

пред 107 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин одржа билатерални средби со лидерите на земјите членки на АСЕАН на маргините на самитот Русија–АСЕАН што се одржува во Казан. Во разговорот со тајландскиот премиер, Путин го поздрави растот на трговската размена меѓу двете земји и ги истакна можностите за соработка во енергетиката, транспортот, логистиката и инвестициите.

На средбата со премиерот на Сингапур, беше нагласена поддршката на Русија за АСЕАН, додека виетнамскиот премиер ја потврди стратешката соработка меѓу Москва и Ханој. Путин го опиша Виетнам како долгогодишен и сигурен партнер, со кој Русија има традиционално блиски односи.

Лидерите на Лаос, Источен Тимор и Камбоџа, исто така, разговараа со рускиот претседател за продлабочување на економската и политичката соработка. Дводневниот самит, кој се одржува по повод 35-годишнината од односите меѓу Русија и АСЕАН, е посветен на проширување на стратешкото партнерство меѓу Русија и земјите од Југоисточна Азија.