Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Состојбата со горивото е привремен предизвик

/

пред 86 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин на седница на Владата изјави дека состојбата со снабдувањето со гориво во земјата е привремен предизвик, по украинските напади врз руски нафтени рафинерии.

Тој оцени дека руската енергетска инфраструктура има доволна отпорност и дека обидите за дестабилизација нема да ги постигнат своите цели. Вицепремиерот Александар Новак информираше дека Владата презела повеќе мерки за стабилизирање на домашниот пазар, меѓу кои забрана за извоз на дизел, увоз на нафтени деривати и зголемено производство на горива со пониски еколошки стандарди.

Путин додаде дека во производството на нафтени деривати би можеле да се вклучат и малите и средните претпријатија. Според информациите од руското Министерство за земјоделство, во моментов нема проблеми со снабдувањето со гориво за земјоделскиот сектор.