Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Работник починал по пад од висина во Скопје 

/

пред 204 дена

Сподели преку :

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје.

Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал.

Пријавено е дека на подрачјето на Кисела Вода во објект во изградба Ж.С. (59) од с. Герман, кривопаланечко додека извршувал работни задачи паднал од висина. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде околу 17:40 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт, инфирмираат од МВР.

Извршен е увид и известен бил трудов инспектор.