Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометните ветерани на „пресметка“ со актуелната репрезентација

/

пред 1370 дена

Сподели преку :

Во овие моменти во арената „Борис Трајковски“ почнува ракометниот спектакл на кој ќе се соочат поранешните македонски репрезентативци против актуелниот состав на селекцијата во ревијален натпревар. Ракометната федерација со овој настан сака да им оддаде почит на сите поранешни македонски легенди кои го носеле националниот дрес, а не добиле вистинско испраќање во пензија.

Нашите поранешни репрезентативци ќе добијат специјални плакети за особен придонес во македонскиот ракомет, како и врамени дресови.

Во таборот на легендите ќе играат играчи како Стевче Алушовски, Ванчо Димовски, Филип Миркуловски, Раде Стојановиќ, Александар Јовиќ, Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски, но тука ќе бидат и двајца кои сѐ уште се активни играчи, но веќе не се дел од репрезентацијата, а тоа се Стојанче Стоилов, Борко Ристовски и многу други.

Во тимот на ветераните ќе игра и Кирил Лазаров, кој ќе се соочи против неговите актуелни избраници во националниот тим.

Ревијалниот натпревар ќе трае два пати по 15 минути. Салата „Борис Трајковски“ е целосно распродадена, а сите пари собрани од продажбата на билетите ќе одат за СОС Детското село.