Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ралев се приклучи на тимот на Oрце Ѓорѓиевски

/

пред 443 дена

Сподели преку :

Архитектот и универзитетски професор Мишко Ралев, кој беше споменуван како можен кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, стана дел од тимот на Орце Ѓорѓиевски кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски на социјалните мрежи изрази голема благодарност за приклучувањето на Ралев, истакнувајќи го неговото искуство, визија и интегритет како голема поддршка за „поубаво Скопје“. „Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина“, објави Ѓорѓиевски. СДСМ реагираше со остри критики, нарекувајќи го ангажманот на Ралев „личен пазар“.

„Дилови со Орце Ѓорѓиевски, кој е класичен избор на партиската олигархија на ВМРО-ДПМНЕ, ние нема зошто да толкуваме. Може само да констатираме дека за жал станува очигледно дека мотивите за неговиот ангажман во политиката биле на ниво на личен пазар“, велат од СДСМ.

Ралев пред неколку години минатото беше дел од Извршниот одбор на СДСМ и беше за потенцијален кандидат за градоначалник на Скопје, пред партијата да ја избере потпрестедателката на партијата Каја Шукова за свој претставник.