Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ранѓеловиќ: Груби на „црната листа“ на САД е жолт картон за ДУИ

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Јас не сум изненаден од тајмингот за кој бил рекол дека е многу адекватен, а тоа е потребата од реформи во самата ДУИ и непотребата од предизвикување на некаква дестабилизација, смета Иво Ранѓеловиќ, политички аналитичар, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма за додавањето на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети на „црната листа“ на САД.

„Оваа порака е жолт картон за ДУИ како партија и ја нарушува перспективата на оваа партија доколку не постапи по насокитем пораката која ја носи САД со оваа „црна листа“. Доколку малку се чита меѓу редови, бидејќи „црната листа“ нема полна ефектива кон нас како држава, има кон САД. Кон нас, освен симболика, за жал веројатно нема ниту некакви судски процеси да се покренат. Меѓутоа, кон ДУИ како партија има и тоа каква порака и затоа не сум изненаден од тајмингот. Веројатно ќе мора лидерот на ДУИ да направи некакви реформи, па дури и да се откаже од потенцијална точка овој господин да стане евентуален лидер на ДУИ“, истакна Ранѓеловиќ.

Но, ако не е изненаден од тајмингот, Ранѓеловиќ изрази изненадување зошто името на Артан Груби се најде на американската „црна листа“.

„Истото име до пред неполна година дена беше прв вицепремиер на оваа држава, се ракуваа, се ракоплескаше додека се спроведуваше и потпишуваше оној тендер за „Бехтел&Енка“, итн. И сега да ме убеди некој дека во последните неколку месеци, амбасадата на САД дошла до некакви докази за корупција, мислам дека е навистина… Ако сте во некаква предистражна постапка, неформална, тогаш не дозволувајте, како фактор во оваа држава, истиот човек да стане прв вицепремиер или дајкте некаква искра дека можеби нешто се случува. Од тука доаѓа таа дискредитацијата во очите на јавноста на таа „црна листа“, конкрено во Македонија, и сметам дека влијанието е сè помало и помало“, вели Ранѓеловиќ.