Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ранѓеловиќ: Зад наративот за нуклеарната закана стојат геостратешки и енергетски интереси на САД и Иран

/

пред 195 дена

Сподели преку :

Во анализата на причините за ескалацијата на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, сè почесто се посочува дека официјалните образложенија не ја отсликуваат целосната слика. Наместо исклучиво безбедносни закани, во позадина се отвораат прашања за глобално позиционирање, економски интереси и влијание врз клучните ресурси.

„Секогаш кога сакате да започнете воена интервенција, дури и ако сте САД, ви треба приказна што ќе ѝ ја претставите на јавноста. Овојпат тоа е наративот за нуклеарната закана од Иран, но зад него стојат пошироки стратешки и економски интереси – контрола врз енергетските текови и позиционирање во однос на Кина. Додека САД имаат глобална геополитичка агенда, Израел има регионална амбиција – да стане доминантна политичка сила на Блискиот Исток,“ изјави политичкиот аналитичар Иво Ранѓеловиќ.

Според него, ваквите различни мотиви дополнително го усложнуваат конфликтот и ја зголемуваат неизвесноста околу неговиот исход, особено во контекст на можни пошироки регионални и глобални последици.

Т.Д.