Единствениот исправен радар на Контролата на летање на скопскиот аеродром се расипал, што пак ќе предизвика значително намалување на капацитетот за слетување на авионите.Сега контролорите ќе мора да слетуваат авиони еден по еден, што може да предизвика одложувања и краткотрајно кружење во воздухот. Иако ситуацијата го забавува протокот на летови, надлежните уверуваат дека нема никаков ризик по безбедноста и дека се следат сите меѓународни процедури за работа при технички дефекти. Контролорите на летање летово предупредија дека опремата е застарена и бара итна замена. Штрајкот што го најавија беше ставен во мирување по добиени уверувања од новото раководство дека ќе се инсталира нова и современа опрема. Неофицијално од трите радарски единици со кои располага М-НАВ, во моментот во функција се само оние надвор од Скопје – на Охридскиот аеродром и странските радари (грчки и бугарски) кои помагаат при високолетечки авиони. Расипаниот скопски радар бил единствениот кој овозможувал следење на нисколетечки летала при слетување.











