Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расправа за предлог буџет за 2026

/

пред 327 дена

Сподели преку :

Денеска во Собрание ќе започне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година во рамки на Комисијата за финансирање и буџет.Пратениците имаат рок до 10 ноември да поднесат амандмани, а според најавите на претседателот на Собранието Африм Гаши, пленарната седница за усвојување на буџетот се очекува на 9 декември. Предлог-буџетот ги проектира вкупните приходи на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или околу 650 милиони евра. Економскиот раст за 2026 е планиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска нагласи дека буџетот ги опфаќа стратешките политики за забрзан економски раст и постепена фискална консолидација. Таа најави продолжување на мерките за намалување на сивата економија, поефикасна наплата на приходи, контрола на несуштинските расходи и насочување на средствата кон приоритетни проекти и поддршка за граѓаните и стопанството.