Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расправија во сообраќај со соседот прераснала во вооружен инцидент

/

пред 442 дена

Сподели преку :

25 годишно момче синоќа по полноќ со повреди од огнено оружје во градниот кош и раката било пренесено во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.

Настанот, како што информира МВР, се случил ноќеска околу 00:30 часот пред неговиот дом во скопската населба Бит Пазар.

Според пријавата, сè започнало со недоразбирање во сообраќајот помеѓу О.Е. и неговиот сосед Ќ.Ч., кое прераснало во жестока расправија, а потоа и во физички напад врз О.Е.

Ќ.Ч. заедно со лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. насилно влегле во дворот на О.Е., каде ги нападнале и неговиот татко Д.Е. и братот М.Е.

Во текот на нападот, Ќ.Ч. извадил пиштол и испукал неколку куршуми, при што го погодил О.Е. во градниот кош и раката.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, при што биле пронајдени три чаури од огнено оружје.