Во 2024 година е зголемен процентот на деца во ризик за 3 проценти од претходната година и за 14 проценти во однос на две години претходно.
Кај девојчињата, овој процент е зголемен за 14 во однос на минатата година и е дури 44 проценти поголем од 2022 година, покажува извештајот на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво.
Зголемен е и процентот на сексуално насилство, а само во три градови има упатни центри каде жртвите можат да побараат помош.
Ова, за пратениците е сериозен сигнал дека нешто мора да се преземе.
Се бараат измени на Законот за локална самоуправа за да се олесни превенцијата на локално ниво, а градоначалниците да формираат општински совети и меѓуресорски протокол за деца жртви.
Особено е лоша состојбата во детскиот поправен дом во Волковија, тетовско.











