Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Равманоски до Силјановска – Давкова: „Ви благодарам што токму вие сте прва дама!“

/

пред 734 дена

Сподели преку :

Водачот на нарко-групата „Барон“, Акиф Равманоски, на социјалните мрежи се заблагодари на првата дама на Републиката, Гордана Сиљановска Давкова, изразувајќи гордост што токму таа ја претставува Македонија.

Објавата која ја пренесе „Фокус“  дојде по неодамнешните помилувања што Сиљановска ги потпиша, вклучувајќи и неколку контроверзни личности.

По реакциите на јавноста, Сиљановска изјави дека не знаела за поединци на списокот за помилување и го почитувала мислењето на Комисијата.

Опозицијата, меѓутоа, ја обвини за недостаток на транспарентност и ја праша дали е свесна за последиците од своите одлуки, особено кога помилуваните лица јавно изразуваат благодарност.

Акиф е поврзан со инцидентите во „Шиша бар“ и е во фокусот на вниманието откако еден од неговите членови беше помилуван.

Ова предизвика зголемена критика кон Сиљановска и актуелната власт, со оглед на контроверзите околу помилувањата и нивното влијание на правосудството и општеството.

Втор припадник на нарко-кланот Барон помилуван годинава