Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Разбиена група шверцери на добиток од македонска на албанска територија во близина на Дебар

/

пред 1419 дена

Сподели преку :

Полицијата од албанскиот пограничен град Пешкопеја успешно ја финализирала акцијата „Граница” во која е разбиена група шверцери на ситен и крупен добиток.

Добитокот бил пренесуван од македонска на албанска територија преку зелениот појас во близина на граничниот премин „Блато“ кај Дебар.

– Во рамки на напорите за сузбивање на недозволена трговија, по неколкумесечна истрага и добиени информации по оперативен пат разбиена е уште една криминална група. Во акцијата уапсени се четири лица на возраст од 27 до 30 години, сите жители на Пешкопеја, одземено е возило со кое бил транспортиран добитокот и запленети 64 грла ситен и крупен добиток, стои во полициското соопштение.

Се додава дека уапсените меѓусебно, откако го обезбедувале добитокот во Северна Македонија, минувале на албанска територија преку зелениот појас кај Блато, прво го чувале во штали, а потоа го продавале за различни суми на пари.

Во соработка со македонската полиција продолжува работата за идентификација на други лица инволвирани во оваа незаконска активност.