Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува воведување на санкции и царини за Русија додека не се постигне прекин на огнот и мировен договор со Украина.
„Врз основа на фактот дека Русија апсолутно ја напаѓа Украина на војното поле токму сега, сериозно разгледувам големи банкарски и други санкции за Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, порача Трамп.
Тој исто така ги повика Русија и Украина да седнат „на преговарачка маса веднаш, пред да биде доцна“.











